Исклучително потресна сцена беше видена на прес-конференцијата на олимписката шампионка во „halfpajp“, Кинезинката Ајлин Гу.
По сребрените медали во дисциплините „slopestyle“ и „big air“, најтрофејната олимпијка во историјата на фристајл скијањето успеа да ја одбрани титулата во дисциплината „halfpipe“.
Ајлин Гу по освојувањето на златниот медал на ЗОИ дознала дека нејзината баба починала.
По големиот успех, Ајлин доцнеше на прес-конференцијата, па новинарите претпоставија дека славењето веројатно се одолговлекло. За жал, тоа не беше причината за нејзиното доцнење.
The American Eileen Gu, competing under the Chinese flag 🇨🇳, wins another gold!
— Mambo Italiano (@mamboitaliano__) February 22, 2026
Meanwhile, she breaks down on camera, mourning the loss of her beloved grandmother
For all those who disliked her, take comfort: the Olympics in Italy come to an end todaypic.twitter.com/p3Om4bjIES
Ајлин непосредно пред конференцијата добила тешки вести.
„Причината што доцнев е тоа што штотуку дознав дека мојата баба починала. Таа беше многу важен дел од моето растење и личност на која неизмерно се угледував“, изјави расплаканата Гу.
„Беше многу силна. Беше борец. Го зеде животот во свои раце и го направи таков каков што сакаше да биде“, додаде Ајлин.

Во своето емотивно обраќање младата Кинезинка откри дека последен пат ја видела баба ѝ непосредно пред заминувањето во Италија.
„Последен пат ја видов пред да заминам на Олимписките игри. Беше многу болна, па знаев дека ова може да се случи. Не ѝ ветив дека ќе победам, но ѝ ветив дека ќе бидам храбра, како што и таа беше храбра. Среќна сум што успеав да го исполнам тоа и се надевам дека ја направив горда, иако сега е многу тешко“, рече Ајлин.

Која е Ајлин Гу?
Ајлин има само 22 години и е најтрофејна во историјата на фристајл скијањето. На 18 години стана најмлада олимписка шампионка во слободно скијање и прва фристајл скијачка која на едни Зимски олимписки игри освои три медали (ЗОИ 2022 во Пекинг).
Родена е 2003 година во Сан Франциско. Оваа талентирана спортистка е студентка по квантна физика на престижниот Универзитет Стенфорд.

Интересно е што Ајлин е и една од најбогатите спортистки во светот. Само минатата година заработила околу 23 милиони долари. Потпиша договор со „IMG Models“, една од најголемите моделинг агенции во светот, и е заштитно лице на бројни познати светски брендови, како „Red Bull“ и „Porsche“.
Иако е родена и израсната во Америка, пред неколку години одлучи да настапува под знамето на Кина, што предизвика силни реакции и незадоволство кај дел од американската јавност.

Поради таа одлука, еднаш дури била и физички нападната.
„Повикана беше и полиција. Имав и закани со смрт, а мојата соба во кампусот беше ограбена. Поминав низ работи што 22-годишник не треба никогаш да ги доживее“, откри таа во едно интервју.











