Леванте немаше никакви шанси против Барселона и беше осуден на пропаст од самиот старт, но во самата завршница, голманот на тимот од Валенсија спречи уште потежок пораз за своите соиграчи.
Барса прилично лесно си ја заврши работата и си осигура предност од 3:0, а во финишот од мечот, создаде и стопроцентна шанса за зголемување на предноста.
Најпрво Рафиња се обиде да го загрози голот на противникот со силен удар со глава, па откако Метју Рајан успеа да одбрани на извонреден начин, следеше уште поспектакуларна интервенција.
Голманот на Леванте брзо стана од земја и успеа да режира уште поневеројатна одбрана во дуелот со Фермин Лопез, па на овој начин си обезбеди кандидатура за одбрана на сезоната во Ла Лига.
Официјалните профили на фудбалското првенство во Шпанија ја издвоија чудесната одбрана на Рајан како одбрана на колото, но има големи шанси да влезе и во потесен круг за одбрана на сезоната.
Extraordinario lo de Mathew Ryan, portero del Levantepic.twitter.com/Y2bNEuPBfI
— Armando Naranjo 🍊 Naranjazos (@Naranjazos10) February 22, 2026







