Талентираниот Ендрик ја промени средината во зимскиот преоден рок и сега го гледаме во дресот на француски Лион.
Во оваа средина настапува како позајмен играч од Реал Мадрид, клуб во кој падна во втор, трет план и побара да си замине и настапува во клуб каде што може редовно да игра што се случува во Лион.
На 7 натпревари има учинок од 5 гола и 1 асистенција и веќе доби нов прекар од дел од медиумите во Франција (матадор).
-Можете да ме викате како што сакате Ќе видиме во наредните денови дали ќе се држам до тој мал прекар, -истакна напаѓачот кој откри дека Мбапе и Камавинга имале улога во преселбата во сегашниот тим.
-Килијан Мбапе и Камавинга ми кажаа дека Лига 1 е добра лига и дека е многу конкурентна. Тие силно ми препорачаа да потпишам за Лион бидејќи е одличен тим. Ги ценам нивните добри совети, -порача Ендрик.








