„Жога-бонито“: Загревањето на Шерки стана вирално во Англија

Дерби

23/02/2026

11:56

316

Големина на фонт

а а а

Рајан Шерки го загуби статусот на стартер во тимот на Пеп Гвардиола во последно време, но и во таква ситуација, Французинот успева да го украде шоуто со потезите кои ги нуди на зелениот терен.

Шерки стандардно добива шанса и во изминатите неколку натпревари тоа го прави како „џокер“ од клупата, па така беше и на дербито против Њукасл.

Рајан влезе во вториот дел и се погрижи за дополнителна стабилност во средниот ред на Сити, но пред воопшто да дојде на ред средбата на „Итихад“, Шерки го привлече вникманието со својата рутина при загревањето.

Шерки е вистински фудбалски магионичар со фудбалската топка и тоа најдобро го прикажува кога е целосно релаксиран, а тоа дефинитивно е случај за време на загревањата.

„ТНТ Спортс“ како ексклузивна телевизија која има права за натпреварирте во Премиер лигата ја сними последната рутина на Шерки, па објавениот материјал експресно стана вирален на социјалните мрежи.