[ФОТО] Облекла „тивок луксуз“ и секое парче е без грешка: Кралицата Ранија ја засенила една од најбогатите жени во светот

Кармин

19/02/2026

08:01

948

Големина на фонт

а а а

Јорданската кралица Ранија повторно докажала дека со право ја носи титулата на една од најдобро стилизирани кралици на денешницата.

Нејзината неодамнешна посета на Индија, каде се сретнала со членовите на семејството Амбани, најбогатото во Азија, била шанса да покаже како ненаметлив, но беспрекорно обмислен стајлинг може да остави силен впечаток.


Ако некој знае како да блесне во секоја прилика, а притоа да не доминира во просторот, тоа секако е кралицата Ранија. Нејзината елеганција и чувство за детаљ редовно привлекуваат пофалби од модните критичари, но и од јавноста.

За оваа пригода, Ранија одбрала монохроматска модна комбинација во боја на слонова коска. Свиленкастата кошула со машна и дискретни цветни мотиви совршено ги искомбинирала со широки пантолони со висок струк, со рамен крој, додека ногавиците речиси го допирале подот – прецизно и елегантно.


Кожениот каиш ја истакнал витката половина на кралицата, додека потпетиците визуелно ѝ ги издолжиле нозете и го комплетирале монохроматскиот стајлинг.

Мал детаљ, силен ефект

Вистинскиот контраст и „злато вреден“ стилски трик, Ранија го направила носејќи чанта од францускиот бренд „Moynat“, со карактеристично метално „М“ и темни рабови во сивомаслинеста боја.


Овој единствен колоритен акцент дал софистициран завршен детаљ, а на тој начин кралицата докажала дека „тивкиот луксуз“ со леснотија може да се носи, оставајќи ги сите присутни без зборови.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk