Американската актерка Аманда Бајнс (39) повторно го привлече вниманието во јавноста со видеото на социјалните мрежи каде се гледа нејзиниот значајно променет изглед – повеќе од две децении откако стана една од најпрепознатливите тинејџерски ѕвезди на романтичните комедии.
Во новото видео, Аманда позира во автомобил и гордо ги покажува тетоважите со срце на лицето, нагласените и зголемени веѓи, избелено русата коса и флуоресцентни розови вештачки нокти.
Еден дел од следбениците изразиле загриженост за нејзиното здравје, додека пак другиот дел ги коментирале конкретните естетски промени – особено веѓите.
Дискусиите продолжиле под објавата, што не е првпат нејзиниот изглед да предизвика реакции на интернет.
Аманда Бајнс на почеток на 2000-те важела за типична „девојка од соседството“ во американските тинејџерски филмови и била една од најсаканите актерки.
Се прославила во емисијата „The Amanda Show“, но и во бројни филмски хитови.
Нејзиното последно појавување на филм било во 2010 година во тинејџерската комедија „Tart“ каде глумела заедно со Ема Стоун. Потоа таа се повлекла од актерството.
Во текот на наредните години нејзиниот изглед и стил постепено се менувале, а јавноста тоа го следела паралелно со нејзините лични и здравствени проблеми.

После наглото издигнување во Холивуд, Бајнс имала низа лични проблеми. Била уапсена во 2012 година поради возење под дејство на алкохол, а подоцна изнела обвиненија за семејно насилство. Од 2014 до 2022 година била под надзор на судот, а во 2020 година престојувала во установа за ментално здравје.

Во последно време отворено говори за обидите да го стабилизира животот. Кон крајот на минатата година изјавила дека користи терапија за слабеење врз основа на лекови и дека ослабнала околу 13 килограми. Навела дека фотографиите по губењето на тежина претставуваат мотивација за неа, иако смета дека и натаму изгледа покрупно од тоа што сака.
По повлекувањето од актерството се обидела да ја смени професијата. Пред осум години завршила на Институтот за дизајн и трговија во модата, но не се задржала долго во таа област. Подоцна се запишала на училиште за козметика и се обидела да добие лиценца за маникир, но не го положила испитот.

Бајнс моментално не е активна во филмската индустрија, но повремено комуницира со публиката преку социјалните мрежи. Нејзините објави и натаму предизвикуваат големо внимание, пред сѐ поради контрастот меѓу некогашните фотографии на филмската ѕвезда и нејзиниот сегашен изглед и начин на живот.
📸 Како изгледаше некогаш актерката:



