[ФОТО] Аманда Сејфрид во бајковит фустан на црвениот килим на Берлинале: Актерката блеснала на премиерата на филмот

Кармин

20/02/2026

12:31

437

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Аманда Сејфрид блеснала во бајковит фустан на премиерата на филмот „The Testament of Ann Lee“ од Мона Фастволд на 76-то издание на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, познат како Берлинале.

Таа позирала на црвениот килим во беж фустан украсен со златни детали. Изгледот го комплетирала со виткана фризура и шминка што ги истакнала нејзините очи и ѓердан.



На црвениот килим ѝ се придружиле колешките Виола Претџон и Мона Фастволд. Споменатиот филм ја раскажува приказната за Ен Ли, основачка на движењето Шејкер (The Shaker movement), која нејзините следбеници ја прогласиле за женски Христос. Го прикажува нејзиното воспоставување на утописко општество.


Сејфрид ја има главната улога, а на прес-конференцијата на Берлинале, зборувала за тоа зошто решила да ја прифати понудата да глуми во овој филм.


„Размислував околу тоа поради што вреди да ги оставите сопствените деца и што како уметничка ќе ми даде можност да се покажам себеси и да научам нешто за себе. Овој проект е квалитет во секој поглед, а она што го дефинирам како квалитет е јасна визија, не нужно порака, туку истражување на нечиј живот преку филмско прераскажување“, изјавила актерката.


Оваа година Сејфрид била номинирана за „Златен глобус“ и „Награди по избор на критичарите“ (Critics Choice Awards) за филмот „The Testament of Ann Lee“ што навестува можна номинација за Оскар.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk