Поранешната манекенка и супермодел од 1990-тите, Синди Крафорд наскоро ќе наполни 60 години, а кога ќе ја видите на фотографиите, сигурно би помислиле дека е барем 20 години помлада.
Поради природата на нејзината работа, со текот на годините таа развила животен стил базиран на редовна физичка активност и балансирана исхрана, па до ден денес, ниту еден ден не започнува без тренинг, по што прави смути полно со хранливи материи.
Неодамна во поткастот „The Skinny Confidential“ Синди објаснила дека практикува повремен пост.

Кога ќе се разбуди, не јаде веднаш, туку чека до 10 часот, а пред тоа вежба.
Потоа пие смути составено од кокосово млеко, половина банана, спанаќ, нане, колаген, протеински прав, какао, семки од лен и коноп и прстофат мача.
Што се однесува до нејзината целокупна исхрана, таа се обидува да јаде разновидна храна, но го ограничува внесувањето на глутен бидејќи тешко го толерира.

Ретко јаде леб, а за ручек најчесто избира салата богата со протеини.
Кога станува збор за вечера, таа обично се состои од протеини со зеленчук.
Нутриционистот Анронио Андухаро, објаснил дека пристапот на манекенката повеќе е фокусиран на губење на масни наслаги отколку на градење мускули и истакнал дека повремениот пост, ограничувањето на јаглехидратите и тренингот пред појадок укажуваат токму на тоа.
Исто така, тој предупредил дека вежбањето „на празен стомак“ можеби не е идеално за оние кои бараат високи перформанси, интензитет или развој на мускулна маса.
Диететичарката Роза Рулан нагласила дека исхраната на Крафорд може да влијае на хормоналниот дисбаланс, недостатокот на хранливи материи и нарушувањата во цревниот микробиом. Таа исто така истакнала дека интензивниот тренинг во комбинација со низок внес на калории може да предизвика телото да го разгради мускулното ткиво за енергија.