Предводена од поранешната ѕвезда на „Никелодеон“, Аван Џогија и поранешната Дизни актерка, Дав Камерон, серијата од осум дела со парот, Оливер и Сиара, кои се запознаваат непосредно пред карантинот поради коронавирусот во 2020 година во Даблин, Ирска.
Насловен како „56 Days“ (56 дена), овој еротски трилер се пробива низ повеќе временски линии додека се открие – дека некој е мртов во нивниот стан – но не знаеме кој или зошто,пишува „Unilad.co.uk“.
Сепак, она што го гледаме е дека љубовниците, заслепени од адреналинот на новата врска, одеднаш се вселуваат заедно додека Ковид ограничувањата го стеснуваат нивниот свет.
Но, нивниот мал среќен меур набргу пука, а карантинот создава совршена средина за тајните да останат скриени.
Без пријатели, колеги или семејство кои можат да видат што се случува во станот, врската станува сè поклаустрофобична и вознемирувачка.

Можеби мислите дека ја познавате личноста што спие до вас во кревет – но дали навистина ја познавате?
Новата серија беше објавена на „Prime Video“ во среда (18 февруари), со сите епизоди достапни за гледање веднаш.
Карин Ашер од серијата „Prison Break“ и Лиза Зверлинг од серијата „Betrayal“ ја развиле серијата „56 Days“, базирана на истоимениот роман од 2021 година од авторката Кетрин Хауард.

Засега, серијата доби прилично „млаки“ реакции од критичарите, со просечна оценка од 64 отсто на „Rotten Tomatoes“ врз основа на 11 рецензии.
Сепак, не дозволувајте тоа да ве обесхрабри – некои ја прогласија за „серија достојна за маратонско гледање“ и задоволувачка.
Карина Аделгард од веб-страницата „Heaven of Horror“ ѝ даде на серијата „56 Days“ оценка четири од пет и ја опиша како „мистериозна трилер серија која беше неспоредливо подобра отколку што очекував“.
„Врз основа на маркетиншката кампања за оваа серија, очекував нешто слично на „50 нијанси сиво“. Сепак, ова е повеќе мистерија за убиство отколку низа сцени, додаде таа.
Секако, постои можност оценката на „Rotten Tomatoes“ да се зголеми како што повеќе гледачи ја оценуваат серијата по премиерата.
На крајот, Гавија Бејкер-Вајтло од „TV Guide“ напиша: „56 дена“ има доволно личност за да се издвои од толпата и брзо да се етаблира како мистерија од типот „кој го направил тоа“, следејќи двајца осомничени чии мотиви и животни избори се интригантно енигматски“.











