Хаотично, искрено и ретро: Зендаја и Роберт Патинсон позираа за насловната страница на списанието „Interview“ повод новиот филм „The Drama“

Точка

19/02/2026

10:30

394

Големина на фонт

а а а

Актерите Зендеја и Роберт Патинсон позираа за мартовското издание на списанието „Интервју“, во рамки на промоцијата на нивниот нов филм „Драмата“ (The Drama).

Фотосесијата е реализирана во куќа со ретро-стил и минимален мебел, а фотографиите прикажуваат креативна и необична естетика, како и блиското пријателство меѓу двајцата актери.


Патинсон носи бела маица со прерамки и панталони, додека Зендеја позира зад неговиот грб, со ногата обвиткана околу неговиот струк, облечена во креација со прерамки, чипкани детали и набрани ракави. Нивната коса и шминка дополнително го нагласуваат визуелниот впечаток – Зендеја со кадрава руса коса, Патинсон со перика во иста нијанса, а двајцата со црвен кармин.

Фотографиите се инспирирани од филмот „Што се случи со Бејби Џејн“ (What Ever Happened to Baby Jane?) од 1962 година, со Бети Дејвис и Џоан Крафорд во главните улоги. Визуелната приказна продолжува низ целата фотосесија, вклучително и сцени во сини цветни фустани.


Фотографијата ја реализираше Надја Ли Коен, додека за стајлингот беа задолжени долгогодишниот стилист на Зендеја Ло Роуч и уредникот на списанието Мел Отенберг.

Иако моментално го промовираат „Драмата“, Зендеја и Патинсон за време на снимањето на филмовите „Дина: трет дел“ (Dune: Part Three) и „Одисејата“ (The Odyssey), кои излегуваат оваа година, развиле блиско пријателство.


Патинсон филмот го опишува како „романтична драма со комични елементи“ и додава дека особено му се допаѓаат прикажаните станови, додека Зендеја истакнува дека ѝ се допаѓа облеката.


„Ова е наше прво заедничко интервју, па затоа сè е малку хаотично, бидејќи првото интервју секогаш е најтешко. Не сум сигурна како точно да зборувам за филмот“, додава Зендеја.

Патинсон признава дека комбинацијата од разговор и фотосесија може да биде збунувачка: „Кога луѓето ќе видат разговор во комбинација со фотографии, се прашуваат – за што тие всушност зборуваат“.


„Драмата“ започнува со прикажување во кината од 3 април.