[ФОТО] Најзгодната трудница брои ситно до породувањето, но од жешките фотографии не се откажува

Точка

18/02/2026

21:05

714

Големина на фонт

а а а

Една од најзгодните водителки ужива во поодмината бременост, но и понатаму е активна на социјалните мрежи и споделува провокативни кадри.

Познатата водителка Дилета Леота не престанува да биде во центарот на вниманието, особено откако на социјалните мрежи објави дека со партнерот Лорис Кариус го очекува второто дете.


Парот веќе има девојче, а како што се претпоставува, сега очекуваат момче. Сепак, неа ни поодминатата бременост не може да ја спречи во провокативното позирање на социјалните мрежи.

Неодамна Дилета покажа и како сè уште вежба во теретана, но и дека не се откажува од тесни фустани. Овој пат се одлучи за модел со леопард принт кој ја следи линијата на телото и така го става трудничкиот стомак во прв план.


Бременоста сè уште не ја спречува ни во носење високи потпетици, па и ова модно издание го надополни со црни салонки, додека косата ја остави во благи бранови.

Комплиментите не изостануваат кога станува збор за која било објава на сексапилната Италијанка, па и сега Дилета можеше да ужива во позитивните реакции.

„Толку секси“, „Најзгодната трудница“, „Прекрасна си“, „Личиш на Џенифер Лопез“, беа само дел од коментарите.