[ФОТО] Врската на Лука Дончиќ во криза? Го поврзуваат со оваа српска убавица: „Ѝ ги лајкнува фотографиите, а една година не лајкнал ниту една објава од својата вереница“

Точка

18/02/2026

19:20

1.339

Големина на фонт

а а а

Милион луѓе за само 24 часа ја виделе објавата на еден Американец на тема Лука Дончиќ, по бројните шпекулации дека во неговиот однос со вереницата Анамарија Голтес нешто не е како што треба.

Во сето тоа ја вмешале и младата српска ѕвезда Анѓела Игњатовиќ Бресквица, истакнувајќи дека кошаркарската ѕвезда постојано ѝ ги лајкнува објавите, додека никаква реакција од тој тип кон својата вереница нема повеќе од една година.


На ова претходела објава која исто така „одекна“, а бројот на луѓе што ја виделе е поголем од милион и пол.

„Лука ниту неговата вереница не објавија ништо за Денот на вљубените, таа не објави ништо за него, а тој нема лајкнато ниту една нејзина објава од февруари. Таа објави 40 фотографии од своето „резиме на деценијата“, а тој не е на ниту еден кадар!“, стои во објавата што предизвика коментари за Бресквица.

Имено, странците ја нарекоа Бресквица „модел“, ставајќи ја во прв план заинтересираноста на Лука за неа врз основа на бројните лајкови на социјалните мрежи.


„Ги лајкнува фотографиите на овој модел, но нема лајкнато ниту една единствена објава на својата вереница повеќе од една година и некој ми вели дека тоа е нормално“, се наведува на профилот, а објавата предизвика лавина реакции.

Да потсетиме, неодамна и српските медиуми пишуваа дека Лука редовно го посетува профилот на Бресквица и ѝ лајкнува фотографии, но сè остана на тоа.

Во продолжение, повеќе фотографии од Бресквица: