Како Џон Траволта закрепнa по драмата што му ја наметна животот?
Познатиот американски актер Џон Траволта денес, 18 февруари, го слави својот 72. роденден. Се зборува дека деновите ги поминува посветувајќи им се на децата и нивните потреби. По прераната смрт на сопругата, актерот одлучи привремено да се пензионира и времето да го минува со своите деца.
„Ќе одвојам време да бидам со децата кои ја загубија мајка си, затоа – извинете ако не слушате за мене извесно време“, изјави Џон Траволта веднаш по трагичната смрт на неговата сопруга Кели Престон.
Оттогаш живее на Флорида со ќерката Ела, која има 25 години, и синот Бенџамин, кој има 14 години.
На својот „Instagram“ профил често објавува новости поврзани со своите деца, меѓу кои и фактот дека неговиот син сè почесто скија, па многумина му предвидуваат успешна спортска кариера на младиот Бен.
Актерот повремено снима и по некоја реклама што му помага да го одржи богатството, кое се проценува на околу 250 милиони долари.
Необичен однос со сиентологијата
Џон Траволта и неговата сопруга Кели Престон со години беа меѓу најгласните поддржувачи на сиентологијата. Се шпекулираше дека токму сиентологијата ја натерала Кели да не користи лекови, поради што прерано починала од рак. Сепак, откако на овој пар им почина синот Џет на 16-годишна возраст, а потоа почина и Кели, Џон Траволта се оддалечи од оваа заедница.
Меѓутоа, неговата колешка Лија Ремини, која и самата своевремено била во сиентологијата, откри позадина што малкумина ја знаеле.

Лија смета дека Џон Траволта останал верен на црквата и дека таму има големо влијание, за што пишувала и во својата книга. Уште во 2017 година изјави во еден поткаст:
„Траволта има ознака "Khakana" која во суштина значи дека можете да убиете друго човечко суштество. Ако сте "Khakhaned", ќе погледнете на друга страна (односно ако сте член од понизок ранг).“

Кога водителот ја притиснал да каже дали мисли дека Траволта би можел да се извлече со убиство, Ремини одговорила со „да“, додавајќи:
„Тоа се нарекува етичка заштита. Постои уште една политика што се вика одговорност на лидерот, според која мора да направите сè за да го заштитите водачот. Ако видите тело, мора да направите да исчезне.“

Од друга страна, Џон Траволта никогаш не криел дека е член на сиентологијата. Во една прилика изјавил:
„Сиентологијата ми помага веќе 40 години, низ сите мои загуби – мојата мајка, мојата девојка, мојот син. Никогаш не ме напуштија, па зошто би прифатил нешто што не го чувствувам како вистинско?“, а дали сиентолозите се виновни за континуираниот пад на угледот на актерот останува само да се претпоставува.
Четири смртни случаи што го скршија Џон Траволта
Додека жените воздивнуваа по Џон Траволта, а мажите сакаа да бидат како него, актерот се бореше со загубата на три блиски жени кои починаа од рак на дојка, ненадејната смрт на синот и проблемите со самодовербата.
Џон пораснал во предградие на Њу Џерси, каде што мајка му Хелен му ја всадила страста кон пеењето, танцувањето и глумата.

Како најмлад од шест деца, Џон имал блага природа и кревкост што се забележувала уште од детството, па мајка му чувствувала потреба постојано да се грижи за него. Неговата пријателка од детството Кејт Едвард изјавила:
„Џон имаше некаква ранливост – кога ќе го видите, добивате силна желба да го прегрнете и да се уверите дека сè е во ред.“
Имаше само 16 години кога го напушти училиштето и почна да се занимава со глума. Го забележал агент на кој му се допаднале неговиот изглед, смислата за хумор и интелигенцијата.
Но како што кариерата му напредуваше, судбината му приредуваше тешки животни удари.

Му почина на раце
Џон на почетокот беше во врска со актерката Дајана Хајланд, која беше 18 години постара од него. Во многу нешта се угледувал на неа, а таа му била голема поддршка. Но токму кога Џон Траволта го снимал филмот „Saturday Night Fever“, на актерката ѝ бил дијагностициран рак на дојка.
Дајана била подложена на мастектомија, но ракот се проширил низ телото и само три месеци по дијагнозата починала.
„Таа всушност му почина на раце. А потоа тој мораше да се качи во авион и да замине во Њујорк за да го снима ’Saturday Night Fever‘ како ништо да не се случило“, раскажал Весли Кларксон.
Колегите тврделе дека Џон Траволта меѓу снимањата изгледал како зомби. Набргу по снимањето актерот беше номиниран за Златен глобус и Оскар.

Мајка му тајно се борела со болеста
По смртта на саканата жена, Џон Траволта продолжи вредно да работи за да заборави на сè. Но не знаел дека уште една важна жена во неговиот живот води тешка битка со здравјето.
Имено, неговата мајка Хелен открила дека има рак на дојка, но решила ништо да не му каже на синот.
Знаела низ што поминал со Дајана, па не сакала повторно да го изложи на истата болка само 18 месеци по нејзината смрт. Нејзината желба отсекогаш била да го заштити. Но болеста не можела долго да се крие, па Џон на крај дознал што се случува. Ја посетувал речиси секој ден, ѝ пеел и на сите начини се трудел да ја расположи.
Осум месеци подоцна Хелен починала, оставајќи огромна празнина во животот на актерот.
Застој во кариерата
Смртта на две важни жени во неговиот живот оставила последици. Џон Траволта се посвети на работата, но филмовите во кои глумеше постепено излегуваа од мода. Поради несигурност дека не ја работи добро својата работа, одби улоги во два големи филма – „American Gigolo“ и „An officer and a Gentleman“.
Ја изгуби волјата да се бори за себе и своите улоги, па западна во круг на лоши филмови. Наскоро режисерите не сакаа ни да го ангажираат, сметајќи дека носи несреќа. Кариерата му одеше толку лошо што размислуваше да ја напушти глумата и да се посвети на пилотирање.
Но постепено актерот се враќаше на филмското платно во голем стил.

Смртта на синот
Иако со тешкотии, кариерата му одеше нагоре, додека приватниот живот му цветаше со сопругата Кели Престон, со која имаше три деца. Сепак, животот му подготви уште еден тежок удар.
Во 2009 година неговиот син Џет, кој имаше само 16 години, ненадејно почина откако падна во бањата и со главата удри во кадата.
Џон Траволта призна дека тоа е „најлошото нешто што некому може да му се случи“ и дека секојдневно се бори со депресијата што настапила по трагичната загуба.

Смртта на сопругата
Токму кога семејството почна да закрепнува по загубата на синот, Кели откри дека боледува од рак на дојка. Почина на 57-годишна возраст. Џон објави дека неговата сопруга се борела до крај, но болеста била посилна.
Џон Траволта тврди дека никогаш целосно не се опоравил од смртта на саканата сопруга.











