[ФОТО] Оригинална купола во пустина: Куќа како од „Војна на ѕвездите“ на продажба за неверојатна цена

Точка

19/02/2026

13:16

392

Големина на фонт

а а а

Заборавеното пустинско место на имот од околу два хектари во Ново Мексико, привлекува внимание кај љубителите на луксузот и необичната архитектура ширум светот.

„The Dreaming Dome“ кој моментално на пазарот е по цена од 1,59 милиони долари, е далеку од типична семејна куќа.

Сместена три километри северно од Таос, оваа недвижнина од 1980 години изгледа како да излегла од филмскиот сет „Војна на ѕвездите“, но истовремено нуди комфор и луксуз на модерен дом.


Егзотична атмосфера со мурали и плафони високи 10 метри

Куќата е комбинација од впечатливи бои, рачно насликани мурали и прозорци во облик на полумесечина. Ентериерот дополнително ги надополнува столбовите со поголеми фигури на мајмуни и други елементи, создавајќи впечаток на егзотична прашума среде пустина.

Централниот простор го краси плафон повисок од 10 метри со насликано небо, додека пак во дневната соба се наоѓа камин во облик на дрво.

Скалите во вид на мозаик и балконите кои потсетуваат на куќички на дрво, дополнително ја зголемуваат бајковитата атмосфера.

Влезот води во ходник со водени елементи, а има и три спални соби опремени со плочки и подно греење.


Кујната е во бои на тиркиз и апартман како од цртаните на Дизни

Впечатливо шарената кујна има тиркизен под, зелени ормари и мермерна работна површина, додека пак посебната трпезарија е наменета за поголеми собири.

Главниот апартман на катот потсетува на сценографија на цртаните на Дизни. Во него се наоѓа камин сместен во ѕидот обликуван како дрво, галерија со поглед на дневната соба и приватна надворешна хидромасажна када, идеална за набљудување на ѕвезденото небо над пустината.


Дополнителна купола и над 20.000 квадрати мир

На пешачката оддалеченост од главната купола се наоѓа помала градба со простран салон за јога и велнес и панорамски поглед на околината.

Целата парцела се протега на повеќе од пет акри, односно над 20.000 метри квадратни. Во рамките на имотот се наоѓаат и градини, заграден двор за деца и домашни миленици, надворешна печка во облик на кошничка и тераса со поглед на мирната пустина.

Според огласот на „Real Estate Group“, оваа архитектонска скапоценост магазинот „Parade“ ја прогласил за најубава куќа во Америка.