[ВИДЕО] По раскинувањето, останала без стан, а сега живее на брод: „Моите трошоци се помали од 500 евра месечно, пониски и од киријата“

Кармин

11/02/2026

16:52

419

Големина на фонт

а а а

По болното раскинување и наглиот раст на трошоците за домување, дваесет и осумгодишната Британка Елеонор Сатклиф била принудена да побара алтернативно решение за живеење. Наместо да изнајми стан во Бирмингем, таа се одлучила за неконвенционален потег – купила стар, запуштен хаусбот и го претворила во свој дом.

Денес вели дека тоа била најдобрата одлука што ја донела.


Елеонор, по професија пожарникарка, бродот го пронашла сосема случајно на „Facebook Marketplace“. Како што наведува, барала евтино и флексибилно решение, а животот на вода бил нејзина долгогодишна желба. Клучна поддршка имала од семејството, особено од родителите, кои ѝ помогнале во реновирањето.


Трошоци пониски од кирија

Според нејзините зборови, животот на брод значително ѝ ги намалил месечните трошоци. Вкупните издатоци – кои вклучуваат пристаниште (врзување), дозволи, осигурување и гориво – изнесуваат помалку од 500 фунти месечно (помалку од 500 евра). За споредба, изнајмување стан во близина на работното место би ја чинело најмалку 750 фунти месечно само за кирија.


Бродот „Dartline“, долг 15 метри и произведен во 1986 година, го купила во мај 2024 година за 15.000 фунти. Иако бил во лоша состојба, ја привлекла идејата да го обнови и да го прилагоди на сопствените потреби. Откако подигнала кредит за реновирање, веќе на есен истата година се вселила на бродот.


Реновирање со помош на семејството

Внатрешното уредување вклучувало замена на ѕидовите и подовите, изградба на нова кујна, кревет со простор за складирање, како и повторна инсталација на камин и печка на дрва. Вкупниот планиран буџет за реновирање изнесува 10.000 фунти, од кои досега се потрошени околу 8.000.

Надворешното фарбање на бродот е проценето на повеќе од 10.000 фунти, поради што таа одлучила самата да се зафати со таа работа, со помош на семејството.


Животот на вода има и предизвици

Иако ги истакнува финансиските предности и чувството на слобода, Елеонор признава дека животот на брод не е без предизвици. Првата зима на вода ѝ донела и снежна бура, што, како што вели, било особено тешко искуство. Ограничениот простор претставува предизвик и при собирање со пријатели, па вечери често организира на покривот на бродот.


Сепак, не планира промени. На социјалните мрежи, каде што ја следат повеќе од 31.000 луѓе, редовно споделува искуства од реновирањето и секојдневниот живот. Како што истакнува, животот на хаусбот ја научил на нови вештини, ја направил посвесна за потрошувачката на ресурси и ѝ овозможил да живее поблиску до природата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk