Снимка од кујна од 1949 година го шокираше интернетот: Една работа од минатото очајно ни недостига денес!

Точка

06/02/2026

16:30

671

Големина на фонт

а а а

Снимката од кујна од 1949 година ги воодушеви луѓето и предизвика лавина од реакции на социјалните мрежи. Гледачите со неверица и восхит ги гледаат глетките и го поставуваат истото прашање: Како е можно кујна пред повеќе од седум децении да била попаметно дизајнирана отколку денешните?

Станува збор за таканаречената „Чудесна кујна“ (Miracle Kitchen), футуристички концепт кој, кон крајот на четириесеттите години, бил претставен од страна на „Вирпул и џенерал моторс“ на изложба посветена на домовите на иднината.

Она што денес делува како луксузна и високотехнолошка кујна, тогаш било замислено како стандард на секој модерен дом. Идејата била просторот да биде ефикасен, хигиенски и ергономски совршен, така што секое движење да има јасна цел.

Во оваа кујна ништо не било препуштено на случајноста. Мијалникот, даската за сечење и вградената плоча биле поставени во логичен редослед, овозможувајќи намирниците да се мијат, сечат и готват без непотребно движење.

Остатоците од храна не останувале на работната површина ниту завршувале во корпата за отпадоци, туку биле сместени во посебно вградени фиоки. Ножевите имале свое место во ѕидот, секогаш на дофат на рацете, без потреба за отворање на фиоката и без ризик од валкање или повреди.


Сè било подредено на текот на работата. Особено импресионирал системот што овозможувал врелата вода секогаш да биде достапна, без никакво чекање.

Постоеле и специјални ормари за ладење, бидејќи веќе тогаш се знаело дека компирите и другиот зеленчук не треба да се чуваат во фрижидер.

Со други зборови, ова не била кујна дизајнирана само убаво да изгледа, туку да функционира беспрекорно. Целиот простор бил организиран според логичен тек на работата, од миење преку сечење до готвење, токму онака како што денес прават професионалните кујни во рестораните.

Многу луѓе денес се прашуваат што се променило во меѓувреме и зошто овој концепт не заживеал. Одговорот е доста помалку футуристички отколку што би сакале. Масовното производство и пазарната логика го потиснале практичниот дизајн.

Наместо домовите да се градат околу еден совршено осмислен систем, индустријата се свртела кон модуларните ормари и апарати кои се купуваат засебно, како што се канти за отпадоци, сечкалки, блендери и разни додатоци. Многу е полесно да се продадат 10 производи отколку еден што решава сè.

Резултатот е кујна што изгледа модерно, но бара повеќе одење, наведнување, носење и чистење отколку што било замислено уште во средината на минатиот век.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk