[ФОТО/ВИДЕО] Анџелина Џоли во проѕирен светкав фустан „го покори“ црвениот килим и воодушеви со префинетост

Кармин

10/02/2026

10:26

1.170

Големина на фонт

а а а

Американската актерка Анџелина Џоли блеснала на премиерата на филмот „Couture“ на Алис Винокур во киното „Pathe Palace“ во Париз. Актерката во добро расположение позирала на црвениот килим привлекувајќи бројни погледи.

За оваа пригода таа одбрала фустан украсен со светки и реси, со едноставна фризура и шминка во природни нијанси. Изгледот го надополнила со црни шпицести потпетици.


„Секоја година изгледа сè поубаво“, „Прекрасна жена во софистициран фустан“, „Кралицата на црвениот килим“, беа само дел од коментарите на сметка на изгледот на актерката.


Инаку Џоли во филмот „Couture“ ја толкува Максин, која пристигнува во Париз за да сними видео за еден моден настан.


И покрај тоа што е незаинтересирана за модната индустрија, на Максин ѝ се потребни пари бидејќи поминува низ развод, има ќерка-тинејџерка и се подготвува за снимање на својот следен филм.


Откако ќе пристигне во Париз, дознава дека боледува од рак, а филмот ги следи предизвиците и дилемите кои со кои таа се соочува по оваа дијагноза. Актерката неодамна открила дека ја прифатила улогата бидејќи нејзината мајка Маршелин Бертран боледувала од рак на јајници и дојка. Таа починала во 2007 година на 56 годишна возраст.



Џоли била вклучена во продукцијата на филмот, а филмската екипа ја сочинуваат бројни други познати имиња: Луј Гарел, Ела Румпф, Аниер Анеи и Гаранс Марилиер.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk