Џон Траволта објави ретка семејна фотографија со својот син (15) и ќерка (25) и ги разнежни следбениците: „Моите прекрасни бебиња...“

Кармин

10/02/2026

11:32

644

Големина на фонт

а а а

Џон Траволта ги разнежни своите следбеници со ретка семејна фотографија која ја објави на Инстаграм. Позирал со децата, ќерката Ела Блу (25) и синот Бен (15), а многумина беа изненадени бидејќи актерот ретко се појавува во јавност со децата.

Под фотографијата напишал: „Моите прекрасни бебиња на мојата задоцнета божиќна честитка за 2025 година. Се надевам дека сите сте добро.“


Сеќавање на Кели и Џет

Траволта ги доби Ела и Бен со покојната сопруга Кели Престон, која почина во јули 2020 година по борба со рак на дојка, на 57-годишна возраст. Парот го имал и синот Џет, кој трагично почина во 2009 година, на 16 години, по епилептичен напад.

Актерот често се сеќава на Кели и на социјалните мрежи. Минатата октомври, на денот кога би прославила 63. роденден, објави песна посветена на неа со порака: „Ја снимив оваа песна за Кели и сакам да ја споделам со сите вас на нејзиниот роденден. Среќен роденден, Кели, те сакаме. – Џон, Ела и Бен.“



За Денот на мајката минатата година, тој сподели стара семејна фотографија со зборовите: „Среќен Ден на мајката, Кели! Направи одлична работа!! Те сакаме!“



Блиски и надвор од рефлекторите

Најновата објава собра повеќе од 108 илјади лајкови, а Ела, како и често, во коментарите остави три црвени срца. Дека како семејство останале цврсто поврзани, Траволта повремено го покажува и со други објави – на пример за дочек на Новата година, кога сподели снимка на која заедно гледаат огномет со порака: „Среќна Нова година! Нека 2026 ви биде најдобра!“



Повторно заедно на филм

Траволта и Ела наскоро повторно ќе делат кадар во акцискиот трилер „Black Tides“, кој го режира Рени Харлин. Приказната го следи Бил Пирс (Траволта), оддалечен татко кој се обидува да ја обнови врската со ќерката Ребека (Ела) и внукот. Нивното едрење покрај крајбрежјето на јужна Шпанија се претвора во борба за живот по нападот на одметнати орки.


Таткото и ќерката веќе глумеа заедно во филмовите „The Poison Rose“ (2019) и „Old Dogs“ (2009).



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk