Џенифер Лопез ги распамети обожавателите со фотографии од теретана: Во атрактивно издание ги покажа резултатите од напорниот тренинг

Кармин

11/02/2026

13:58

1.095

Големина на фонт

а а а

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез (56) привлече внимание на социјалните мрежи откако сподели низа фотографии од својата домашна теретана.

Имено, пејачката и актерка позираше во бордо спортски комплет, кој се состоел од краток топ со долги ракави и хеланки во иста боја, кој ја истакнал нејзината завидна фит линија и градите.


На фотографиите, снимени со мобилен телефон во модерно уредена теретана, Лопез позирала пред огледало со минимална шминка, а покрај објавата кратко додаде: „Нека биде едноставно“.

Објавата предизвика бројни реакции од обожавателите.

„Тоа е тоа. Големата Jenny from the Block, а не мала верзија“, „Колку и да ја мразат некои, никогаш нема да ја видите скршена, запуштена или безволна“, „Прекрасна“, „Растури“, „Кралица“, „Толку се труди да изгледа како да има 23“, беа дел од коментарите.


Со оваа објава Џенифер уште еднаш покажа дека не се обѕира на критиките поради начинот на облекување во своите педесетти години. За време на концерт во Лас Вегас, на 30 декември минатата година, Лопез ѝ се обрати на публиката по повод негативните коментари што ги добива на социјалните мрежи: „Фала му на Бога што ова го правам веќе долго време. Можам многу нешта едноставно да ги игнорирам. Тоа навистина ништо не значи. Тоа постојано им го велам и на своите деца“, изјави Џенифер.

„‘Зошто секогаш така се облекува? Зошто не се облекува во согласност со годините? Зошто е секогаш речиси гола?’ – а јас реков: ‘Да имавте ваков задник, и вие ќе бевте голи’“, рече Џенифер низ смеа, покажувајќи го својот препознатлив став и самодоверба.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk