Ен Хатавеј ретко кога носи комбинации кои ги откриваат нејзините делови од телото.
Меѓутоа, сега направила исклучок и докажала дека проѕирна креација совршено се комбинира со мрачниот гламур.

Ен Хатавеј неодамна присуствувала на ревијата од брендот „Ralph Lauren“ која се одржала во состав со модната недела во Њујорк. За таа прилика актерката одлучила да носи креација која го спојува чистиот сексапил и мрачниот гламур.
Станува збор за специфично парче гардероба кое ја следи линијата на тело, а го красат висока ткаенина околу вратот и целосно отворен грб.

Освен тоа, креацијата поседува и слоеви чипка кои се протегаат во должина на целиот фустан и дискретно ја откриваат црната долна облека.
На целокупниот стајлинг актерката додала и интересна наметка која ги обвиткува нејзините раце и на целокупното издание му дава доза на елеганција.

Овој фатален моден избор го надополнила со шминка во нежни тонови, а косата ја стилизирала на наједноставен начин – се одлучила за брановидна фризура која паѓала по нејзините раменици.
Во еден момент во текот на фотографирањето актерката ставила и очила за сонце, па изгледала како вистинска дива дама која многумина ја посакуваат.

Ви се допаѓа ли вас овој стајлинг на Ен Хатавеј?