[ФОТО/ВИДЕО] Неочекувано се појавила на Супербоул и сите ги воодушевила: Модното издание со кое Лејди Гага му оддала почит на Порторико

Кармин

09/02/2026

10:25

534

Големина на фонт

а а а

Синоќа се одржа финалето на Американското национално фудбалско првенство, познатиот Супербоул, и иако Сиетл Сихокс го победија тимот на Њу Ингланд Патриотс, љубителите на забавата, како и секогаш, многу повеќе зборуваа за полувремето, кога, по правило, се случува вистинскиот спектакл.

Порториканскиот уметник Бед Бади настапи на полувремето, а неговото појавување на Супербоул предизвика бројни коментари дури и пред самиот настап.

На сцената му се придружија Рики Мартин, како и пејачката Лејди Гага.


Таа го извела својот познат хит „Die with a Smile“ во салса аранжман, а целиот настап бил проследен со нејзиното впечатливо модно издание.


Гага се појавила во син елегантен фустан, со кој ѝ оддала почит на латиноамериканската култура. Зад креацијата на брендот „Луар“, стои доминиканско-американскиот дизајнер Раул Лопез. Станува збор за фустан во нежна, сина боја кој е скроен за да ја следи силуетата на телото.


Струкираната креација со набори дополнително ја нагласи нејзината фигура, додека спуштениот струк внесе допир на ретро гламур на сцената.


Како што пишуваат модните критичари, изборот на сина боја не е случаен, туку алудира на оригиналното порториканско знаме од 1985 година, со кое пејачката визуелно ги поддржала Бед Бани и неговите корени.

Лејди Гага модната комбинација ја „зачинила“ со впечатлива црвен брош што го претставува националниот цвет на Порторико, а бојата на овој детаљ совршено се вклопила со црвените сандали со потпетица што беа зкопчани околу нејзините глуждови.


Црвената боја можевме да ја видиме и на нејзините усни и маникир, па така пејачката на одличен начин го заокружила овој визуелен ефект од сини и црвени нијанси.



Гага ја стилизирала својата платинесто руса коса во нежни бранови во стилот на стариот Холивуд, а како и на доделувањето на Греми наградите, пејачката ги задржала избелените веѓи, со што уште повеќе ја нагласила драматичната „шминка“.


Што се однесува до накитот, пејачката носела 11-каратни дијамантски обетки од „Шопард“ и на тој начин дополнително го нагласила овој луксузен изглед.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk