[ВИДЕО/ФОТО] За ова село „помеѓу небото и земјата“ велат дека е поромантично од Париз и Рим: Сместено е на брегот на најголемото езеро во Европа

Точка

10/02/2026

16:02

865

Големина на фонт

а а а

Погледот од воздух ја открива белината на фасадите, уредните покриви, правилниот облик и бајковитото опкружување во кое се наоѓа Монсараз. Доколку пак го погледнете одблизу и се вовлечете во неговит калдрмисани улици, ќе откриете куќи и плоштади кои постојат со векови, белина и ненаметлива убавина.

Сѐ поголем број патници сакаат да откриваат помалку популарни дестинации, каде што нема многу туристи и кои се автентични и свои, а селото Монсараз во Португалија е олицетворение на сето тоа.


Селото Монсараз е сместено на брег со поглед на најголемото вештачко езеро во Европа

Средновековното село Монсараз во португалскиот регион Алентехо е едно од најубавите скриени богатства на Португалија. Се наоѓа во внатрешноста на земјата, во близина на границата со Шпанија и изгледа како да останало заробно во времето. Се наоѓа на брег со поглед на езерото Алкуева, најголемото вештачко езеро во Европа и засега некако останува надвор од главните туристички рути.


Совршено бели фасади и опуштен животен ритам

Во Монсараз улиците се мирни, фасадите бели, животниот ритам е опуштен. Нема милион знаменитости и атракции, туку самото тоа е атракција што ги обзема сите сетила. Денот може да го започнете на тераса, да уживате во локални јадења и вина во малите ресторани, бавно и опуштено уживајќи во секој залак.


Прошетката во Монсараз е сама по себе е искуство. Калдрмисаните улички се извиваат помеѓу белите куќи, старите врати, камени скулптури и мали уметнички галерии. Зад секоја кривина се отвора нов поглед, кон рамините или езерото.

Дворецот Монсараз, изграден во 13 век доминира со целото место. Од неговите бедеми се пружа поглед од Алентехо, до мирните води на Алкуева, а кога времето е ведро и до соседна Шпанија.


Опкружување како создадено за истражување

Интересно е и опружувањето на селото. Првенствено тука е езерото Алкуева, најголемото вештачко езеро во Европа. Долго е речиси 1.200 километри, а неговата максимална длабочина е околу 100 метри и неговиот брег се смета за идеална оаза за одмор и релаксација. Опкружувањето на езерото крие интересни праисториски локалитети и уште шармантни гратчиња кои повикуваат на истражување.


Како што денот се приближува кон својот крај Монсараз го покажува своето најубаво лице. Каменот поприма топли окер тонови, улиците полека се празнат, а тишината се спушта над гратчето. Од бедемите или терасата можете да набљудувате како сонцето полека „тоне“ во езерото.


Богата историја и подрачје населено со илјадници години 

Долго време пред да стане омилено засолниште на патниците вљубени во шармот на античкиот камен, Монсараз имал важно место во историјата на регионот.



Подрачјето е населено со илјадници години, како што пишува официјалната туристичка страница, за што сведочат бројни мегалитски остатоци во околината. Утврден и заштитен со бедеми, низ вековите бил стратешка точка која со време се претворила мирно засолниште, а и денес ја задржал хармоничната архитектура и речиси неподвижна атмосфера.