Виралниот сендвич од три состојки што го „излуде“ светот: Кога не знаете што да јадете за појадок или вечера, пробајте го рецептов

Точка

10/02/2026

16:30

411

Големина на фонт

а а а

Проја, пита со разни филови, варени јајца или омлет се најчестите избори кога станува збор за појадок или вечера.

Секако тука се различните видови сендвичи, кои се одлични бидејќи можат да се комбинираат на различни начини и да се направат од она што го имаме во фрижидерот во тој момент.

За овој сендвич, кој своевремено стана многу вирален и популарен на социјалните мрежи ќе ви бидат потребни само три состојки и буквално една минута време за да го приготвите.


Состојки:

леб

крем-сирење

маслинки


За да го направите овој едноставен сендвич, земете две кришки леб и обилно премачкајте ги со крем-сирење.

Потоа, земете една дланка маслинки и исечкајте ги на помали парчиња.

Ставете сечкани маслинки врз лебот и затворете го сендвичот. Пресечете го на половина и послужете.

Можете да експериментирате со видовите маслинки, дури и со намазот.

Секогаш ќе добиете вкусен и исклучително едноставен оброк во кој ќе уживате.