Како да го отстраните застоениот мирис во домот? Eдноставен трик со кој сè ќе мириса свежо, а тајната е во една намирница

Кармин

04/02/2026

17:45

652

Големина на фонт

а а а

Застоениот мирис на воздухот во домот не е нешто што го посакуваме во сопствениот простор. Доколку надвор има невреме и немаме можност да проветриме, ако некој од домаќинството е болен или, пак, сме готвеле нешто со непријатен мирис, воздухот во просторијата навистина може да стане непријатен, пишува „Јутарњи лист“.

Во такви ситуации, сигурно сакате средство кое не само што ќе ги апсорбира лошите мириси, туку и ќе го освежи воздухот. Постојат две ефикасни решенија за тоа, а и двете вклучуваат лимон.

Лимон и сода бикарбона

Пресечете три лимони на половина и исчистете ја нивната внатрешност (или исцедете ги за да добиете лимонада). Потоа, празните кори од лимон наполнете ги со неколку лажици сода бикарбона. Ставете ги во сад така што отворениот дел да биде свртен нагоре и поставете ги на место каде што нема да ви пречат. Содата ги апсорбира непријатните мириси, додека кората од лимон истовремено ослободува пријатен и свеж цитрусен мирис. Оваа мешавина може да стои неколку дена, односно додека чувствувате пријатен мирис.


Лимон и вода

Исечете еден лимон на четири дела и ставете го во тенџере со вода на оган, па оставете водата да зоврие. Наскоро, низ домот ќе почне да се шири свеж мирис на лимон. Во оваа мешавина можете да додадете и неколку капки од омиленото етерично масло, зачини или арома од ванила, за мирисот да биде уште побогат.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk