[ВИДЕО] Дал отказ преку ноќ, купил дрвена куќа и се преселил во шума: „Никогаш не сум бил посреќен. Наместо хипотеки и сметки, сега имам мир и слобода

Кармин

09/02/2026

10:06

898

Големина на фонт

а а а

Додека мнозинството луѓе сонуваат за сигурна работа и редовни приходи, Андрес од Данска одлучил да го прекине досегашниот живот и да започне одново, во тишина, покрај шума и далеку од градската рутина. По години поминати на стабилна работа со класично осумчасовно работно време, тој дал отказ, купил мала дрвена куќа на тркала и се вселил на работ на шумата.

Без луксуз, но со јасна цел: да живее што поедноставно и поефективно. Неговата нова куќа е мала, но функционална. Дрвената куќичка на тркала има сè основно — простор за спиење, мал кујнски агол и печка на дрва. Вели дека повеќе од тоа не му е потребно. Наместо хипотека и сметки, сега има природа, мир и слобода што порано не ја познавал.



Близината на шумата не е случајна. Таму наоѓа мир, инспирација и чувство на поврзаност со природата кое, како што признава, во градскиот живот му недостигало целосно. За да ја намали зависноста од продавниците, засадил сопствено градинче. Во него одгледува зеленчук и зачини, учи за сезонските ритмови и планирање, а секој род го доживува како лична победа.

Повеќе слобода, но помалку сигурност

Не крие дека самодоволноста не е лесна, но му дава силно чувство на смисла и контрола над својот живот. Една од најголемите промени во неговата секојдневие се однесува на користењето на вода. Не се потпира на класичен водовод, туку пие, готви и се капе со дождовница. Водата ја собира, ја филтрира и дополнително ја прочистува пред употреба, а целиот систем го дизајнирал така што е безбеден и одржлив.



Вели дека ваквиот начин на живот го научил на почитување на ресурсите и свест за секоја капка вода што ја трошел. Иако е свесен дека го напуштил „сигурниот“ живот кој повеќето го посакуваат, за својата одлука не жали. „Сакав слобода, и токму тоа го добив со ваквиот живот“, вели Андрес.



Денес дел од приходите ги остварува преку градежни работи, дрвената куќичка ја издава преку агенции за изнајмување, а држи и предавања за агрокултура и самодоволен начин на живот како што самиот води. Неговата приказна покажува дека за некои луѓе среќата не се мери со квадратура, титули или постојана плата, туку со едноставност, природа и храброст да прекинеш и тргнеш по друг пат.


Во последните години сè повеќе луѓе се одлучуваат за ваков начин на живот, бегајќи од пренатрупаните градови, немирот и постојаната гужва. Своите искуства ги споделуваат на социјалните мрежи, каде брзо наоѓаат публика која сè повеќе се интересира за оваа тема.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk