Најубавата спортистка на светот пристигна на ЗОИ: Приватен авион и луксуз, живее како холивудска ѕвезда

Точка

04/02/2026

11:32

1.618

Големина на фонт

а а а

Јута Лирдам воодушеви со своето пристигнување на Зимските олимписки игри кои се одржуваат овој февруари.

Зимските олимписки игри се одржуваат од 6 февруари во Милано и Кортина д’Ампецо, а без никакво сомневање големо внимание ќе привлече и учеството на најубавата спортистка на светот – или барем една од најубавите. Станува збор за Јута Лирдам, која се натпреварува во брзо лизгање и ќе се обиде повторно да освои олимписки медал, како пред четири години во Пекинг.

Во меѓувреме, Јута Лирдам успешно го искористи својот потенцијал и значително го зголеми бројот на следбеници на „Instagram“, каде што има повеќе од пет милиони следбеници, а дел од таа популарност ја должи и на љубовната врска со јутјуберот Џејк Пол.


Холандската лизгачка е свршеница на познатиот јутјубер и боксер, кој привлече особено внимание во декември кога имаше меч со Ентони Џошуа. Познато е дека тогаш Британецот го победи убедливо, но Пол, и покрај поразот, заработи околу сто милиони евра. Покрај него во тој период постојано беше и Јута Лирдам, која му помогна во закрепнувањето, а останува да се види дали и Пол ќе допатува за да ја бодри неа – како што таа го бодреше него во рингот.

Јута Лирдам дополнително се пофали и со луксузот, па за разлика од другите спортисти кои учествуваат на ЗОИ, таа пристигна со приватен авион, како вистинска холивудска ѕвезда. Погледнете како изгледаше тоа:


Дваесет и седумгодишната Холанѓанка има сребрен медал од Олимписките игри во Пекинг на 100 метри, а во својата кариера има освоено повеќе од 20 медали на други натпреварувања.