Ланг повторно го „пецна“ Конте: Нешто не функционираше, еден ден ќе биде појасно

Дерби

04/02/2026

13:50

286

Големина на фонт

а а а

Ноа Ланг го напушти Наполи по само шест месеци соработка со Антонио Конте, а во последното интервју повторно потсетил дека токму тренерот бил негов главен проблем во италијанскиот состав.

Холанѓанецот замина на заем во редовите на Галатасарај, а во разговорот со холандски медиум потенцирал дека мора да преземе конкретен чекор бидејќи знаел дека ќе биде во втор план и во продолжението од сезоната.

– Фактот што за толку краток период заминав во Галатасарај објаснува дека нешто не било како што треба. Нешто не функционираше меѓу мене и тренерот.

– Знам дека во Холандија мислите дека јас сум виновен за ваквиот епилог, но еден ден се ќе се разјасни. Засега имам големо почитување за клубот чиј член сум и имам добар однос со речиси сите во него.

– Галатасарај е сериозен предизвик, но факт е дека имаше причини што се решив да заминам по само шест месеци. Во Наполи девет од десет луѓе не сакаа да си заминам, добро се вклопив во групата, тренирав напорно и не се согласувам со оние кои ме критикуваа кога ретко ќе добиев минутажа.

– Сакав да останам и да се борам, но со оглед на тоа што доаѓа СП, решив дека е најдобро да одам во тим каде ќе настапувам, – рекол Ланг.