Мартин Зубименди беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид уште пред да се пресели во Арсенал, а и сега медиумите често го споменуваат како решение за средниот ред на шпанскиот клуб.
Зубименди има одлична сезона со „топчиите“ и се бори за титулата во повеќе натпреварувања, а повторно морал да одговори на прашање дали се гледа себеси во дресот на Реал.
– Не сум убеден дека токму јас му потребен на Реал.
– Во таа екипа има многу квалитетни фудбалери за да ги остварат клупските амбиции, – рекол шпанскиот фудбалер.
Зубименди ја коментирал и повредата на својот сонародник, Микел Мерино, кој заработи фрактура на стопалото и може да отсуствува повеќе месеци.
– Микел чувствуваше сериозни болки, а секое негово отсуство е голем проблем за екипата. Сигурен сум дека ќе работи максимално за што побрзо да се врати во екипата, па и во репрезентацијата, а се друго ќе биде негативно сценарио, – рекол Зубименди.








