Тери снимаше и чекаше гол на Челси, па мораше да се соочи со сеир од фановите

Дерби

04/02/2026

13:19

195

Големина на фонт

а а а

Џон Тери е цврсто поврзан со Челси, клубот во кој имаше успешна фудбалска кариера и со кој освои многу трофеи, па не е изненадување што вчера внимателно го следеше дербито со Арсенал во полуфиналето на Лига купот.

„Сините“ се обидуваа да ја неутрализираат минималната предност на Арсенал од првата средба, но не само што не успеаја да постигнат гол, туку во последните секунди примија и гол по контрата реализирана од Каи Хаверц.

Тери се најде во центарот на вниманието и наиде на сеир кај противничките фанови, со видеото кое го снима во финишот од средбата и додека очекува „гол за израмнување на вкупниот резултат“ од страна на фудбалерите на Челси.

Во периодот кога Тери се надева дека Челси ќе реализира во последните минути, Арсенал е тој кој реализира, по што Тери првично тврдеше дека е офсајд, а потоа мораше да ја прифати реалноста.