Реал остана без Белингам, но ќе добие сериозно освежување во дефанзивната линија

Дерби

04/02/2026

14:12

390

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид се соочи со многу сериозни и чести повреди на своите фудбалери последните две сезони, а актуелниот тренер Алваро Арбелоа наредниот период сигурно нема да смета на Џуд Белингам.

Повредата на англискиот репрезентативец е сериозна и Реал нема да смета на неговите услуги на повеќе натпревари, но Арбелоа добил добра вест барем за дефанзивната линија.

Наредниов период се очекува реактивирање на играчи како Дани Карвахал, Трент Александер-Арнолд, Антонио Ридигер и Ферлан Менди, што ќе биде многу важно за квалитетот и ротацијата на „кралскиот клуб“.

Карвахал и Александер-Арнолд ќе си бидат конкуренција, но барем ќе му овозможат на Феде Валверде да игра на поприродна позиција, додека враќањето на Ридигер ќе го намали притисокот врз Асенсио и стоперскиот избор на тренерот.

Менди често има проблеми со повреди, но по паузата од повеќе од еден месец, сега се надева дека ќе добие шанса да му помогне на својот тим.

Реал овие недели има обврски од викенд до викенд, што ќе им овозможи на тренерот и фудбалерите да се подготват подобро за следните Ла Лига предизвици.