Флик загрижен по новата повреда на клучен фудбалер: Мора да сфатиме што треба да промениме

Дерби

04/02/2026

08:03

475

Големина на фонт

а а а

Барселона останува во игра во сите натпреварувавања кога веќе ја освои титулата во Суперкупот, а веќе утре ќе има шанса да се пласира во полуфиналето на Копа дел Реј.

Каталонскиот гигант утре ќе гостување кај Албасете кој направи големо изненадување со елиминацијата на Реал Мадрид во претходната рунда, па во најавата за натпреварот, Ханси Флик испорача предупредување до своите играчи.

– Натпреварите во Купот знаат да бидат такви, секогаш имало големи изненадување. Мора максимално сериозно да се сфати предизвикот, бидејќи резултатите можат да бидат целосно непредвидливи. Играме против ривал кој нема што да загуби, – изјави Германецот.

За утрешниот натпревар, Ханси Флик дозна дека останува и без Рафиња, а бидејќи станува збор за обновување на проблем кој претходно го имаше, тренерот најави дека ќе се направи подетална инспекција на неговиот случај.

– Да бидам искрен, воопшто не сум среќен од новата повреда на Рафиња. Тој е клучен играч за нас и треба да видиме каде треба да се промениме. Треба да видиме што треба да промениме на тренинзите, или да сфатиме што треба да промени тој. Сега сме во клучен период од сезоната и потребни ни се најдобрите играчи на располагање, – изјави Флик кој претходно остана и без Педри.