Матета беше на чекор до трансфер во Милан, сега ќе остане без минутажа и повик за СП

Дерби

04/02/2026

12:54

208

Големина на фонт

а а а

Жан-Филип Матета веќе се гледаше себеси во дресот на италијанскиот великан Милан, но „росонерите“ се откажаа од неговиот потпис по лекарските прегледи, а Французинот сега се соочува со сериозна неизвесност во вториот дел од сезоната.

Кристал Палас беше подготвен да му дозволи на Матета да замине во Милан за 30 милиони фунти, но Италијанците се повлекле откако лекарскиот тим алармирал за еден потенцијален проблем.

Матета правеше операција на коленото уште во 2019 година, кога беше член на Мајнц, а лекарите сега утврдиле дека мора да му биде направен нов зафат за да се неутрализира проблемот со отоците кои му се јавиле на истото место и кои му создаваа и проблеми на напаѓачот.

Со оглед на фактот што тоа би значело сериозна пауза за Матета, Милан се повлече, а во меѓувреме Палас плати 48 милиони фунти за Јорген Странд Ларсен.

Фудбалерот сега веројатно ќе се одлучи за операција, а кога ќе се врати, не само што можеби ќе има проблем да си го врати првотимскиот статус, туку веројатно ќе биде и предоцна за да му докаже на селекторот Дидие Дешамп дека треба да го повика за СП 2026.