[ВИДЕО] Претпразнична хуманост: Момче во Загреб ги плаќало сметките на пензионерите на каса

Точка

03/12/2025

21:09

303

Големина на фонт

а а а

Креаторот на содржини Бранимир Рамљак (@branefc) на своите профили на социјалните мрежи објави снимка на која им плаќа сметка на пензионери на каса во продавница во Загреб.

„Од роденденска набавка, зимски залихи и потребштини – до баби кои живеат сами... Да се видат нивните емоции и благодарност е чувство што со зборови не може да се пренесе. Некои и заплакаа, а тие солзи не се за камера, нека останат за мене. Срце полно, продолжуваме понатаму...“, напишал тој покрај снимката на која се гледаат изненадените, но пресреќни хрватски пензионери откако ќе сфатат дека тој им ја платил сметката.

Продолжува со помагање

На социјалните мрежи добиl десетици илјади лајкови и многу пофалби во коментарите. Снимката е дел од неговата серија „Влогмас на добри дела“.


„Index“ контактирале со Бранимир, а тој им открил дека продолжува со акцијата. „Нека се шири доброто дело, тоа е во интерес на сите и тоа е суштината... Овој Божик, кога сè се продава, купува, акциите ‘вриштат’... хедонизам, уживање… Треба да се спуштиме на земја. Јас, фала му на Бога, имам и одлучив да вратам“, објаснува тој и најавува нов дел од серијалот уште денес.

„Мене ми беше доста деликатно, малку снимав со грч, а малку и со насмевка на лицето... Не сакаш никого да деградираш или да го ставиш во позиција да мисли дека му треба помош, затоа бевме многу внимателни. Избирав постари луѓе, знам колку им значи тоа, некои од тие сметки беа прилично големи, но не ми беше проблем кога видов колку им значи тоа – душата ми беше полна“, порачал Бранимир.