Во радиус од 1.600 километри целосно е опкружена со океан, без соседни земји. Оваа држава се наоѓа во Тихи океан и поделена е на два главни острови.
Нејзината површина достигнува 270.000 километри квадратни, но има само 5 милиони жители.
Меѓутоа, оваа земја има 30 милиони овци, во просек шест овци по лице.

Можете да се возите половина час по пространите полиња, а да не сретнете никој.
И не само тоа, туку во круг од само неколку десеттина километри може да видите снег, вулкани, прашуми и плажи одеднаш.

Забранет внес на змии
Речиси 80 отсто од животните и растенијата во оваа земја не постојат на ниту едно друго место во светот.
Интересно е што во оваа држава нема змии, а нејзините закони строго забрануваат внесување на тие животни во земјата. Секој којшто ќе го прекрши тоа правило ќе биде строго казнет.

Главен град е Велингтон. Добредојдовте во Нов Зеланд, најосамената држава на светот!
Инаку, Аотеароа е името на Нов Зеланд на јазикот на Маорите. Може да се преведе како „Земјата на долгиот бел облак“. Според легендата на Маорите, Нов Зеланд бил извлечена од морето од полубогот Мауи.













