Астронаутите објавија интересно видео: Како изгледа собирањето крв во вселенски услови?

Точка

03/12/2025

20:02

249

Големина на фонт

а а а

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица (МВС) речиси секој ден се обидуваат да го рекреираат искуството од престојот во вселената за луѓето на Земјата, а најновото видео покажува како се изведува процесот на земање крв.

Научниците на Земјата често бараат од астронаутите на МВС примероци од крв за да анализираат како се однесуваат нивните тела во вселената.

Американскиот астронаут Џони Ким објави видео на кое се гледа како неговата колешка зема примерок од крв.

„Откако ќе се земе крвта, ја ставаме во посебна центрифуга според протоколот. Потребни се 15 минути. Потоа ја ставаме во посебна комора чија температура може да се намали на -80 степени Целзиусови“, објаснил астронаутот Ким.

Научниците исто така можат да проучуваат биомаркери и типови на клетки за да проценат како нашите тела се менуваат во микрогравитација.

Сепак, замрзнатите примероци од крв имаат ограничувања - процесот на замрзнување создава кристали од мраз кои ги оштетуваат клетките и спречуваат да се користат во експерименти со живи клетки. Поради оваа причина, земањето примероци од крв се врши на денот кога товарното возило ја напушта Меѓународната вселенска станица.