[ВИДЕО] Песна стара 10 години стана вирална на ТикТок и тоа само поради еден стих

Точка

03/12/2025

16:31

592

Големина на фонт

а а а

Еден стих од песна стара десет години неочекувано стана вирален на ТикТок и покрена целосно нов тренд.

Станува збор за песната „The Less I Know the Better“ од австралискиот бенд „Tame Impala“, која првично беше објавена во 2015 година на албумот „Current“s, но благодарение на популарната социјална мрежа сега доживува нова младост.


Приказна за љубовен триаголник

Песната зборува за маж кој е изоставен од љубовен триаголник и се чувствува несигурно затоа што жената која ја сака сега е со друг маж, извесен Тревор. „I heard they slept together / Oh, the less I know the better“, се пее во рефренот, што во превод значи: „Чув дека спиеле заедно / Ох, колку помалку знам, толку подобро“.

Интересно е што фронтменот на бендот, Кевин Паркер, своевремено за „NME“ изјавил дека сметал оти песната „не треба да биде на албумот на „Tame Impala“ бидејќи го има тој ‘штреберски диско-фанк’ звук“. И покрај неговите сомнежи, песната стана еден од најголемите хитови на албумот, делумно и благодарение на популарниот спот кој денес има повеќе од 100 милиони прегледи. До 2022 година достигна четирикратно платинесто издание.


Од пораз до вирален тренд

Стихот кој го „излуде“ ТикТок – „So, come on, Superman, say your stupid line“ (Ајде, Супермене, кажи ја својата глупава реченица) – се наоѓа на самиот крај од песната. Се толкува на два начина: или протагонистот му се обраќа на својот ривал Тревор, нарекувајќи го „Супермен“ и признавајќи пораз, или пак се обидува да се охрабри самиот себеси да ја преземе улогата на херој.


Денес, овој стих инспирира тренд во кој корисниците на ТикТок на хумористичен начин ги споделуваат своите лични, препознатливи фрази или „глупави реченици“ што често ги повторуваат. Еден од попопуларните звуци што го користи овој стих веќе брои речиси еден милион видеозаписи, потврдувајќи дека старите хитови лесно си го наоѓаат патот до новите генерации.