Бајкерката Софија удрила во автомобил на патот, паднала, а потоа ја прегазил камион: Нејзината последна порака пред смртта е страшна

Точка

03/12/2025

18:01

1.784

Големина на фонт

а а а

Ѕвездата на социјалните мрежи Карен Софија Квироз Рамирез загина во несреќа со својот мотор, само неколку недели откако го прослави својот 25. роденден, а последната објава што ја поставила – само неколку часа пред смртта – како да ја навестила трагедијата.

Според локалните медиуми, моторот на Софија наводно се судрил со камион на автопатот во Флоридабланка, Колумбија, на 26 ноември. „Metropoles“ пишува дека таа ја изгубила контролата над својот мотоцикл и странично удрила во „Chevrolet Spark“. Според „Economic Times“, таа ја изгубила контролата кога се обидела да се протне помеѓу возилата и паднала во соседната лента. Ја прегазил камион што доаѓал одзади, кој не успеал да сопре. Повредите биле фатални, а Софија била прогласена за мртва на самото место, и покрај брзата реакција на итната помош.

Истрагата за трагичниот инцидент, вклучувајќи изјави од сведоци и снимки од безбедносни камери, е во тек.

– Најверојатната претпоставка е дека мотоциклистката се движела помеѓу две возила – изјави за „Daily Mail“ транспортниот службеник Хаир Андрес.


Последната порака

Само неколку часа пред смртта, Софија – позната како „бајкерката Карен“ – објавила сторија на социјалните мрежи за своето последно возење.

„Се надевам дека нема да се удрам бидејќи возам без очила“, напишала на „Instagram Story“.

Пораката ги вознемири нејзините следбеници, кои ја нарекоа „пророчка“, пишува „Economic Times“. Младата инфлуенсерка имала над 31.000 следбеници на „Instagram“ во моментот на својата смрт. На последното видео, објавено минатата среда, се гледа како Софија го мие својот црно-розов мотор.

„Почивај во мир, прекрасна бајкерке“, напиша еден корисник на „Instagram“.


„Имаше многу видеа како вози и истовремено се снима, беше многу сигурна во себе на мотор, но една грешка и сè е готово“, додаде друг.

Софија често споделуваше снимки од своите возења, пренесува „US Magazine“.

„Ценете ме, не заборавајте колку е тешко да се ракува со цвеќе“, напиша претходно овој месец на шпански, позирајќи на својот мотоцикл и со букет цвеќе.

Софија го прослави 25. роденден само неколку недели пред смртта, а роденденските фотографии од 5 октомври ги украсила со блескави емоџи симболи.