Пејачот Џастин Бибер изгуби повеќе од 270.000 следбеници на „X“ и „Инстаграм“, само неколку дена пред да го достигне бројот од 100 милиони. Падот на следбениците привлече големо внимание кај фановите ширум светот.
Имено, наместо да го зголемува бројот на следбеници, Бибер во рекордно време изгуби значителен дел од нив. Следејќи ги неговите профили, сервисот „Instrack“ го регистрираше овој нагол пад. На платформата „X“, Бибер сè уште е оддалечен 9,7 милиони следбеници од бројката од 100 милиони, што дополнително ги загрижи фановите.
Некои корисници на социјалните мрежи веруваат дека падот се должи на бришење лажни профили и ботови. Еден од фановите коментирал: „Секој пат кога ‘Инстаграм’ ќе избрише ботови, тој губи околу 1-2 милиони следбеници“.
Други фанови го поврзаа падот со неговата сопруга, Хејли Бибер. Двојката е во брак од 2018 година, а во август 2024 година го добија своето прво дете, Џек Блуз. Тие често споделуваат детали од приватниот живот со своите следбеници.
Некои фанови сметаат дека обожавателките на Бибер ја „прераснаа“ неговата популарност и го прифатија фактот дека тој е оженет. Откако Џастин и Хејли споделија топла фотографија од прославата на Денот на благодарноста, некои корисници оставија критички коментари.
Еден фан напишал: „Џастин изгледа тажно. Хејли треба да го пушти Џастин, тој не изгледа среќен“.
Пред два дена, Бибер објави селфи на платформата „X“, каде што директно гледа во камерата и го покажува средниот прст. Фотографијата собра 185.000 лајкови, 25.000 ретвитови и 9000 коментари.











