Декември веќе започна, а празничната сезона е во полн ек. Додека домовите се украсени, а градските плоштади се осветлени, една песна неизбежно станува „саундтрак на сезоната“ – „All I Want For Christmas Is You“ од Мараја Кери.
Но, дали некогаш сте се запрашале колку заработува „кралицата на Божиќ“ од нејзиниот безвременски хит? Одговорот можеби ќе ве изненади.
Овој глобален феномен, кој ги руши сите рекорди за слушање, е создаден неверојатно брзо. На Кери и нејзиниот соработник Валтер Афанасиев им требале само 15 минути да ја напишат и компонираат песната. Објавена во 1995 година, песната стана апсолутен божиќен класик во текот на изминатите три децении.
Вртоглави бројки
Иако ниту пејачката ниту нејзиниот тим никогаш официјално не ги откриле точните износи, медиумите се обиделе да дојдат до проценки. Според извештајот во „Њујорк пост“, Мараја Кери наводно заработува огромни 3 милиони долари секоја година од оваа песна. До 2021 година, вкупната заработка од објавувањето на песната надминала 60 милиони долари.
За да биде уште поимпресивно, ова значи дека пејачката заработува 316 долари на час само од оваа една песна – и тоа е преку целата година, иако песната е интензивно слушана само неколку месеци.
Божиќна магија во Аспен
Благодарение на овој хит, Кери е осигурана до крајот на животот, а божиќната сезона е најважниот дел од годината за неа, за што се подготвува со месеци. Таа традиционално оди со своето семејство во Аспен, нејзината омилена зимска дестинација.
„Одиме во Аспен, што е моето омилено место за прослава на Божиќ бидејќи секогаш е снежно и е едно од најдобрите места досега“, открила пејачката.
„Правиме секакви работи. Одиме на возење со санки со децата и моето пошироко семејство, јас готвам, доаѓа Дедо Мраз. Знам дека звучи како да измислувам, но вистината е – го познавам лично, тој е мој тип. Имаме живи ирваси. Тоа е екстраваганција“, додала таа.
Успех над сите очекувања

Успехот на песната „All I Want For Christmas Is You“ ги надминале дури и нејзините најлуди очекувања. Во разговор за „Билборд“, таа призна дека „немала поим“ дека песната ќе стане толку глобален феномен.
„Како би можела? Беше толку рано во мојата кариера, а повеќето млади уметници во тоа време не правеа божиќна музика на почетокот на своите кариери“, рекла таа.









