Британската пејачка Ели Голдинг потврди дека го очекува своето второ дете, а прво со нејзиниот 10 години помлад дечко. Таа го покажа својот труднички стомак на црвениот тепих на доделувањето на Модните награди 2025, што се одржа во лондонскиот Ројал Алберт Хол.
Ели е во врска со 28-годишниот Бо Миниар околу шест месеци. Новата љубов доаѓа по нејзиниот развод од трговецот со уметнички дела Каспар Џоплинг, со кого беше во брак пет години и со кого го има четиригодишниот син, Артур.
Пејачката ја потврди својата врска со Бо во септември, а извор за „Дејли мејл“ истакна дека се многу заљубени и дека е прекрасно да се види колку се среќни заедно.


Кој е Бо Миниар?
Бо е британски актер и модел, роден на 30 мај 1997 година. Својата кариера ја изградил преку телевизиски и филмски улоги, вклучувајќи проекти како „Ноќ во Игл Ин“ и „Лоша фризура“. Покрај глумата, тој се занимава и со манекенство.

Вечер која ја слави модата
„Fashion Awards“ се сметаат за еден од најважните настани во модниот календар и ги обединуваат истакнатите имиња од глобалната модна индустрија, вклучувајќи веќе етаблирани дизајнери и нови таленти. Годинешната церемонија ја води актерот Колман Доминго, кој по тој повод носел „Burberry“.
Доделувањето првпат се одржало во 1989 година под името „British Fashion Awards“, а во 2016 година било преименувано за да се нагласи неговиот меѓународен карактер. Иако низ годините се одржувало на различни локации, од 2016 година сместено е во „Royal Albert Hall“ во Лондон. Во текот на својата историја угостило бројни познати личности, меѓу кои принцезата Дијана, Спајс Грлс, Вивиен Вествуд и Карл Лагерфелд.









