[ФОТО] Пејачот Дарко Илиевски ја загуби својата мајка, 3 месеци по смртта на татко му: „Кажете им на родителите дека ги сакате, еден ден ќе немате можност за тоа“

Точка

03/12/2025

10:52

772

Големина на фонт

а а а

„Денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли! Ми замина најголемата љубов. Мамо, те сакам најмногу! Чувајте се со тато“ – со овие трогателни зборови Дарко Илиевски се прости од својата мајка, која почина само неколку месеци по смртта на неговиот татко.

Пејачот, кој се прослави со својот настап на шоуто „Идол“, вчера ја сподели тажната вест со следбениците на „Инстаграм“, објавувајќи црнобела фотографија проследена со длабоко емотивна порака.

„Драги пријатели, со огромна болка ве известувам дека денес си замина и мајка ми… Болката е преголема, тишината боли. Ми замина најголемата љубов. Мамо, те сакам најмногу! Чувајте се со тато. Доколку сè уште ги имате своите родители, застанете една минута, јавете им се и кажете им дека ги сакате… Еден ден ќе немате можност да го направите тоа“, напиша Дарко.

За пејачот, кој веќе неколку години живее во САД, ова е уште една голема загуба во семејството во исклучително краток период. На средината на август годинава почина и неговиот татко, набрзо по неговото враќање во Македонија. Тогаш тој во интервју за Бекстејџ изјави дека татко му како да чекал да го види за последен пат пред да почине.

„Почивај во мир, татко мој. Ти беше мојот најголем пример за сила, чесност и борба. Секогаш ќе ја паметам твојата добрина и жртва за нас. Засекогаш ќе ми недостасуваш“, напиша тој тогаш.