[ВИДЕО] Што се случува кога животот те става пред најтешките одлуки: Таско и Ерко за најголемите животни удари

Точка

03/12/2025

18:11

613

Големина на фонт

а а а

Во една од поновите епизоди на поткастот на Стефан Лазаров гостуваа Христијан Тасковски - Таско и Ермин Чуљевиќ. Разговорот беше неформален, но отворија теми поврзани со лични кризи, зависности, здравствени предизвици и начини на кои младите луѓе се справуваат со притисоците на животот.

Таско за алкохолот и затворањето во себе

Таско зборуваше за периодот кога се обидувал да престане со алкохол. Според неговото кажување, последните дванаесет месеци е трезен, а во периодот претходно „не му одело“ со музиката, ниту пак во приватниот живот. Дел од времето го поминал кај својот татко, во работилница, обидувајќи се да најде начин да излезе од состојбата во која се наоѓал.

Ермин Чуљевиќ за болеста на ќерката

Ермин Чуљевиќ, познат како фризер и активен на социјалните мрежи, зборуваше за најтешкиот период во неговото семејство - борбата на неговата ќерка со леукемија. Тој ја сподели својата перспектива како родител и предизвиците со кои се соочува семејството.

Личен поттик и сеќавања

Дејан Кузмановски, Фејсбук корисник кој предизвика позитивни реакции на социјалните мрежи со објавата во врска со оваа епизода од поткастот - објаснува дека разговорот го потсетил на сопствени семејни и здравствени кризи.

Вечерва гледав едeн подкаст. Ништо посебно, само тројца млади типови што зборуваа како што зборуваат луѓе кога немаат...

Posted by Dejan Kuzmanovski on Понеделник, 1 декември 2025

Опишува период кога се борел со прекумерна тежина, алкохол и цигари, работи кои го довеле до здравствено влошување. Во еден тежок период, тој одлучил да направи промени: престанал со пушење и пиење, почнал да пешачи и подоцна да трча, со што значително го подобрил здравјето.

Личните приказни како дел од поширок контекст

Иако секој од гостите и самиот автор имаат различна приказна, сите три моменти се вклопуваат во пошироката тема на подкастот - начинот на кој луѓето се справуваат со кризи, како изгледа периодот „пред“ и „после“, и колку овие приказни понекогаш остануваат невидливи додека некој не ги изговори јавно.

Разговорот, без големи поенти и без драматизација, отвора прашања за менталното здравје, поддршката во семејството и начинот на кој животот може нагло да го промени правецот. Во овој случај, подкастот послужи како простор каде што тројца млади луѓе зборуваат за проблеми кои не се ретки, но ретко се кажуваат гласно.

Автор: Ц.Н.