Перо Антиќ и неговата партнерка Сања Ристиќ повторно ја освоија јавноста со заедничка фотографија објавена на социјалните мрежи.
Парот се појави држејќи се за рака, во вечерна атмосфера која го истакнува нивниот стил и хармонија.
На фотографијата, Перо изгледа елегантно во светлосиво сако, комбинирано со црна маичка и темни панталони. Неговиот препознатлив имиџ, висока фигура, бричена глава и густа брада - го прави веднаш забележлив.
До него, Сања блеска во црна комбинација со кратко здолниште и кожена јакна, стил кој истовремено е модерен, женствен и со урбан шмек. Долгата, уредно стилизирана коса ѝ паѓа преку рамениците, а нејзиниот минималистички, но впечатлив накит ѝ додава софистицираност. Нејзиниот израз е мирен и сигурен, со самодоверба која природно ја надополнува присутноста на Перо.
Под фотографијата, Сања напиша:
„Врска е релација помеѓу двајца каде едната личност е маж, а другата секогаш во право“, на што Перо шеговито ѝ одговори: „Не дај Боже“.
„Секогаш е Сања во право, нормално“, „Мојот омилен џин-тоник“, „Ептен е така“, се редат коментари од следбениците.
Со оваа објава, Перо и Сања уште еднаш покажаа дека се пар што зрачи со хармонија, стил и добра енергија. Фотографијата, со својата топла атмосфера и нивниот искрен, природен контакт, остава впечаток дека зад камерите стои вистинска блискост.
Автор: Ц.Н.










