Пејачот Виктор Апостоловски и неговата сакана Милена вчера станаа родители и ја добија најголемата животна улога, воедно и титула – мајка и татко.
Апостоловски во кратко видео обраќање на социјалната мрежа Инстаграм сподели дека станал татко и дека го добил синчето. На видеото се гледа дека е видно среќен и дека е возбуден за она што следи во нивниот живот како рoдители.

Во објавата пејачот изјави:
„Дојде првиот маж во Апостоловци, ќе го викаме Адам“, а на сторито има и кратка порака посветена на неговата сопруга: „Фала ти Господе! И фала ти женче мое најубо. Ве љубам“.
Виктор и Милена се во брак од 2023 година, а нивната врска, како што изјавил претходно пејачот започнала многу случајно – во маркет во Битола, градот од којшто потекнуваат и двајцата.
Виктор Апостоловски својата музичка кариера ја започна во македонското талент шоу „Македонски идол“, па оттогаш не престана да твори на музичко поле. Тој низ годините стекна многу обожаватели и важеше за еден од најзгодните ергени на македонската музичка сцена.

Апостоловски исто така се натпреваруваше и на домашниот избор за песна на Евровизија со заразната песна „Супермен“ која веднаш стана хит.
На младиот пар им посакуваме среќни денови со новиот член и денови исполнети во радост.






