Туристичките експерти од платформата „Hoppa“ ги избрале најсончевите ски-центри во Европа за 2026 година.
Експертите ги анализирале климатските податоци за да ги откријат ски-центрите со најголема количина на сонце.
Италијански Мадона ди Капиљо е на врвот на листата со околу 2.800 сончеви часа годишно, што дава повеќе сонце отколку било кое друго место на контитентот.

Сместено во Доломити, одморалиштето е познато по долгите, живописни патеки и снежните врнежи со просек од 324 сантиметри снег.
Ски-центарот е наречен и бисер на Доломитите, популарен е и во текот на викендите меѓу богатите и славни луѓе од Милано и Верона.
Меѓу првите туристи бил и австроунгарскиот цар Франц Јозеф и неговата сопруга, царицата „Сиси“ Елизабета.
Во скоро време чести гости таму се Наоми Кемпбел, Кјара Керањи и Валентино Роси.

Овој ски-центар може да се пофали и со прекрасните планинарски патеки кои водат до знаменитостите на областа како што се водопадот Каскате ди Валезинела или живописното езеро Лаго Намбино, како и Лаго Риторто.
Доломитите во последните месеци се уште попопуларни, а вообичаено секоја година ги посетуваат околу 34 милиони луѓе.
Градот Банско во Бугарија го зазел второто место на ранг-листата најсончев ски-центар во Европа за 2026 година. Просечно годишно има 2.744 сончеви часа, а голема популарност добил благодарение на пристапноста и живиот ноќен живот.
На третото место се наоѓа одморалиштето Грандвалира со 2.704 сончеви часа.

Листа од најсончевите ски-центри во Европа
1. Мадона ди Кампиљо, Италија – 2.798 сончеви часа годишно
2. Банско, Бугарија – 2.744 сончеви часа годишно
3. Грандвалира, Андора – 2.704 сончеви часа годишно
4. Вал Гардена, Италија – 2.692 сончеви часа годишно
5. Алп Д’лез, Франција – 2.671 сончеви часа годишно
6. Лес Арк, Франција – 2.667 сончеви часа годишно
7. Мерибел, Франција – 2.600 сончеви часа годишно
8. Кицбил, Австрија – 2.532 сончеви часа годишно
9. Бекеира-Бер, Шпанија – 2.494 сончеви часа годишно
10. Шамони, Франција – 2.460 сончеви часа годишно



















