Домашниот гулаш со печурки може да биде изненадувачки богат, ароматичен и вкусен ручек, особено кога се подготвува со зеленчук и свежи зачини.
Доколку барате јадење кое е едноставно, посно и вкусно тогаш овој гулаш од шампињони е идеален избор, без оглед на тоа дали го почитувате Божиќниот пост или само сакате да го избегнете месото од некоја друга причина.
Моќната комбинација на лук, пиперка, морков и домат му дава на овој гулаш неверојатен вкус, додека пак печурките додаваат совршена текстура која потсетува на класичен гулаш со месо.
Состојки:
- 500 грама шампињони;
- 2 главици кромид;
- 1 чешне лук;
- 1 морков;
- 1 пиперка;
- 100 милилитри сок од домат;
- сол, бибер, суви зачини по вкус;
- масло по потреба;
- магдонос.

Подготовка:
1. Кромидот, пиперката и лукчето исечкајте ги ситно, а морковот изрендајте го, па во состојките додадете масло.
2. По 15-на минути на оган додадете суви зачини, а потоа и шампињоните кои претходно сте ги исечкале, додадете бибер и уште малку масло.
3. Оставете сето тоа да крчка покриено околу 20-на минути.
4. Додадете го сокот од домат, повторно помешајте и оставете да крчка околу 5 минути. Додадете магдонос и сервирајте со варен компир или ориз.
На здравје!







