Да, „Ford“ го згасна производството на „Mondeo“ во 2022 година и не најави наследник. Сепак, некои среќници сè уште можат да купат нов „Mondeo“.
Тие среќници се, на пример, во Кина, каде што новиот „Mondeo“ беше претставен на почетокот на 2022 година. Се произведува во Кина, ја користи платформата C2, а сега помина низ темелно освежување.
По низа најави на почетокот од годинава, „Ford“ официјално го претстави обновениот „Mondeo“, кој на некои пазари се продава под името „Taurus“, на саемот во Гуангжу. Компанијата објави комплетен сет фотографии и технички податоци, кои ги пренесуваме во продолжение.
„Mondeo“ се комерцијализира на поединечни пазари на Блискиот Исток и под името „Taurus“, а сега добива освежена верзија со поостар дизајн, нов софтвер и нешто посилни мотори.
Најголемите промени се видливи на предниот и задниот дел од возилото. Новите LED-светла имаат почист облик и му даваат изглед кој повеќе потсетува на „Mustang“. Предните светла сега ја оградуваат пошироката предна маска поврзана со поспортски долен вовлекувач за воздух. Страничната линија во голема мера останува иста, но купувачите добиваат нови дизајни на фелни и дополнителни бои за каросеријата.
Одзади се наоѓа редизајниран заден дел со помодерна графика на задните светла и преработен браник со црна вметната површина и дифузер во боја на каросеријата. Димензиите остануваат исти: должина од 4.935 милиметри и меѓуосовинско растојание од дури 2.945 милиметри.
Updated Ford Mondeo sedan unveiled in China
— Tycho de Feijter (@TychodeFeijter) November 24, 2025
The 5th-generation Ford Mondeo sedan has been in production in China since 2022. The producer is the Changan-Ford joint venture.
To keep the old sedan alive a little longer, Ford has just unveiled an updated variant. It gets a new… pic.twitter.com/AGVF2Fk3e1
Побрз софтвер
На прв поглед, кокпитот изгледа познат, со истите дигитални инструменти од 12,3 инчи и инфотејнмент-екран од 27 инчи кој доминира на таблата. Идните сопственици ќе располагаат со новата генерација на управувачкиот софтвер „SYNC+“, кој го придвижува помоќниот чип „Snapdragon 8155“. „Ford“ најавува освежено корисничко интерфејс-искуство, побрза работа и подобрен гласовен асистент.
Редизајниран е и централниот тунел, кој сега вклучува два безжични полначи и нови држачи за чаши. Физичките копчиња се преместени под вентилациските отвори на клима-уредот.

Посилни мотори
Освежениот „Mondeo“ и понатаму е достапен во бензински и хибридни изведби, но сите мотори се благо зајакнати.
Основниот 1,5-литарски турбомотор сега развива 196 коњски сили, 2,0-литарскиот „EcoBoost“ има 261 коњски сили, а хибридната верзија располага со комбинирана моќност од 288 коњски сили.

Сите верзии на „Mondeo“ имаат погон на предните тркала. Бензинските модели користат осумстепен автоматски менувач, додека хибридот доаѓа со CVT-менувач.
Освежениот „Mondeo“ се произведува во Кина во рамки на заедничкото вложување „Changan Ford“, а цените ќе бидат објавени дополнително.












