„AUDI“ на саемот "Auto Guangzhou" го претстави концептот на голем електричен SUV под името „AUDI E SUV concept“.
Со овој модел, кинеската подмарка на „AUDI“, наменета исклучиво за локалниот пазар, го најавува својот втор сериски автомобил, недолго по дебито минатата година.
Новата серија е насочена кон купувачи кои очекуваат напредни електрични возила и силна интеграција со локалните дигитални сервиси.
Проектот е развиен во соработка со компанијата „SAIC“, а се потпира на заедничката платформа „ADP (Advanced Digitized Platform)“. Првиот модел, „AUDI E5 Sportback“, е во продажба од септември 2025 година.

Голем SUV со импресивни димензии и перформанси
Концептот "AUDI E SUV" спаѓа во класата на големи електрични SUV модели. Димензиите се:
• должина: 5.057 mm
• ширина: 2.042 mm
• висина: 1.786 mm
• меѓуоскино растојание: 3.060 mm
Двата електромотора – по еден на секоја оска – развиваат вкупно 680 коњски сили, што овозможува забрзување до 100 km/h за околу пет секунди.
Моделот има погон на сите четири тркала, задржувајќи ги карактеристиките на кои „Audi“ ги навикна своите купувачи.

Батерија со огромен капацитет и брзо полнење
Батеријата со капацитет од 109 kWh, според кинескиот "CLTC" циклус, обезбедува повеќе од 700 километри досег.
Благодарение на 800-волтниот систем, за само 10 минути на брз полнач може да се добие околу 320 километри дополнителен домет.
„AUDI 360 Driving Assist“ – адаптиран за кинеските услови
Системот „AUDI 360 Driving Assist“ е развиен со фокус на реалните услови за возење во Кина.
Нуди широк сет на асистенции за:
• автопат,
• градски сообраќај,
• паркирање,
и е приспособен на ситуации кои најчесто се среќаваат во таа земја.

Поглед во иднината на кинеската подмарка
Концептот го нуди првиот сериозен увид во идните модели на оваа кинеска подмарка на „AUDI“, со јасен акцент на локалните потреби, електричната мобилност и технолошката интеграција.











