[ФОТО] Маж се „развел“ од сопругата (секс-кукла) поради нова љубов: Бил заљубен и во пепелник

Точка

18/11/2025

15:01

599

Големина на фонт

а а а

Јури Толочко има бурна и разновидна историја на љубовни врски, но неговата последна објава можеби е најизненадувачка.

Казахстанскиот бодибилдер ја пронашол љубовта со келнерот Михал, откако претходно се оженил со секс-кукла.


Врските честопати имаат свои тешки периоди и секако е нормално да се променат повеќе партнери/ки пред да се пронајде „вистинскиот/ка“. Но, љубовниот живот на Јури Толочко е толку драматичен што во споредба со него емисијата „Celebrity Traitors“ изгледа здодевно. Имено Јури се оженил со секс-куклата Марго во 2020 година откако се заљубил во текот на 2020 година додека пандемијата го блокираше светот.


Тој рекол „Да“, додека Марго молчела, облечена во лелеав бел фустан, носејќи букет цвеќе за посебната пригода. Но, врската не траела долго, бидејќи бодибилдерот подоцна откри дека се заљубил во пепелник. Секако, Марго никогаш не успеала да ја раскаже својата страна од приказната за време на нивната минлива врска, пренесе „Мирор“.


Но, Јури не се срамел да сподели детали за нивната врска. Меѓутоа еден показател за нивното раскинување беше тврдењето на Јури дека ѝ закажал на Марго (пластична секс кукла) пластична операција затоа што таа развила „комплекс на внимание“.


Зборувајќи пред свадбата, тој рекол: „Таа многу се промени. На почетокот беше тешко да се прифати, но подоцна се навикнав. Беше во вистинска клиника со вистински лекари. Кога ја покажав нејзината фотографија на светот, имаше многу критики и таа почна да развива комплекс, па се одлучивме за операција“.


Уште повознемирувачки, е она што тој го изјави за „Vice“: „Кога станува збор за секс, Марго може да ми даде различни сензации што ќе ме воодушеват. Марго не само што никогаш нема да одбие секс, туку и ми дозволува да бидам насилен колку што сакам, што ме возбудува затоа што сакам да давам и да чувствувам болка во кревет. Ми се допаѓа тоа што можам целосно да ја контролирам. Исто така, сакам да имам секс со главата на Марго под тушот. Но, можеби претерав по нашата свадба. Можеби затоа Марго се расипа непосредно пред Божиќ“.


Меѓутоа, Јури неодамна пронашол нова љубов – овој пат со друг маж. Тој неодамна објавил фотографии на Инстаграм кои го прикажуваат како се жени со Михал Рачковски, келнер во Австрија.



Јури и Михал седеле држејќи се за раце додека гледале во камерата. Двојката изгледа многу заљубено и често споделуваат фотографии од нивните патувања, вклучувајќи го и неодамнешниот одмор во Грац, Австрија.


Инаку пред Михал, во 2021 година Јури ја открил својата љубов кон пепелник, недолго откако раскинал со Марго. Тој објави на Инстаграм: „На почетокот само договорив фотосесија со неа. Но, потоа почна да ме привлекува. Сакав повторно да ја допрам, да ја помирисам. Го сакам нејзиниот брутален мирис, допирот на метал на мојата кожа. Таа е навистина брутална. Исто така, ми се допаѓа што има приказна, што не е нова, што им служела на многу луѓе и продолжува да им служи“.

Исто така, Јури претходно изјавил дека се идентификува како пансексуалец и дека може да се заљуби во „лик, слика, душа, личност“.