[ФОТО/ВИДЕО] Чудото на архитектурата 24 години го импресионира светот: Мостот којшто се претвора во подводен тунел и излегува во друга држава

Точка

18/11/2025

13:29

1.242

Големина на фонт

а а а

Данската престолнина Копенхаген и шведскиот град Малме ги поврзува единствен пат – осум километри долгиот мост Ересунд којшто на вештачкиот остров продолжува во подводен тунел.

Ересундскиот мост е еден од најфасцинантните во светот затоа што станува збор за комбинација на мост и подводен тунел, а за потребите на неговото градење направен бил и цел вештачки остров.

Воедно, ова е најдолгиот мост на светот којшто поминува државна граница.

Ересундскиот мост или Ересундската врска е наменета за друмски (четири ленти) и железнички сообраќај и е најдолгиот комбиниран мост-тунел од овој вид во Европа.

Идејата за спојување на две копна преку Ересундскиот мореуз постоела уште пред Втората светска војна, воочи која била отфрлена.

Детално била проучувана во 50-тите и 60-тите години од страна на Владата на Шведска и Данска, но во 1970-тите повторно била отфрлена поради економската ситуација и загриженост за природата и последиците кои градењето би можело да ги предизвика.

Конечно, според проектот на данскиот архитект Џорџ К. С. Ротне и компанијата „COWI“, градењето започнало во 1995 година. Последниот дел бил вграден во 1999 година, а мостот-тунел официјално бил отворен на 1 јули 2000 година.

Мостот се протега од Малме до вештачкиот остров Бибер којшто името го добил затоа што се наоѓа веднаш до природниот остров Салтхолкм, што значи сол, сместен на средина на мореузот. Овој остров е направен од материјали ископани од морското дно во текот на градење на мостот.

На тој остров, мостот преминува во тунел со вкупна должина од четири километри, од кои три и пол километри се наоѓаат под морето.


Тунелот е составен од пет помали тунели од кои четири се наменети за друмски и железнички сообраќај, додека пак петтиот за евакуација.

Овој мост годишно го преминуваат над 20 милиони луѓе, а најмногу оние кои живеат во Шведска, а работата во Данска и обратно.